Музика

Греми за „Крафтверк“ за најдобар албум со електронска музика


На 60-то доделување на музичките Греми награди, германскиот бенд „Крафтверк“ ја освои престижната награда за најдобар албум со електронска музика за нивниот 3-D The Catalogue.

Ова е втора Греми награда за „Крафтверк“ после онаа за животно дело која основачите на бендот, Ралф Хутер и Флоријан Шнајдер, ја добија во 2014 година.

Првата номинација за Греми „Крафтверк“ ја имаа во 1982 година, за Computer World во категоријата за најдобра рок инструментална изведба, а после тоа и во 2006 година за албумот Minimum-Maximum, во категоријата најдобар денс/електронски албум.

Пред три години „Крафтверк“ доби уште едно Греми признание. Нивниот сингл Autobahn од 1974 година беше вброен во Grammy Hall of Fame, признание кое се доделува на синглови и албуми без оглед на жанрот, за нивниот квалитет, важност и влијание во музиката најмалку 25 години после објавувањето.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top