Грдата страна на парите: Лапна 2,5 милијарди долари, а никогаш не бил поосамен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот стремеж на повеќето луѓе со добри и иновативни бизнис идеи е откако ќе го развија својот производ, да им го продадат на големите играчи од светот на корпорациите за вртоглави суми и да си продолжат со удобен и релаксиран живот занимавајќи се со некоја друга идеја.

Но, што потоа? Што откако ќе го продадат својот производ во кој вложиле многу енергија и време. Би можело да следи чувство на безнадежна изолација – така барем вели Маркус Персон, познат како Ноч, основачот на мегапопуларната видео игра Minecraft.

29-11-persson1

Microsoft пред речиси една година ја купи Minecraft за 2,5 милијарди долари, а основачот не влезе во тимот на Microsoft по продажбата. По вртоглавата заработка и исплатата, како што би направиле веројатно најголем дел од луѓето, тој започнал да ужива во луксузниот живот. Купил палата од 70 милиони долари, опкружена со огромен ѕид и оттогаш организира луди забави. Сепак, по извесно време сето тоа почнало да му станува здодевно и да чувствува длабока осаменост.

„Проблемот во тоа да добиете сѐ во животот е што ги снемува причините да се обидувате, а меѓучовечките односи стануваат невозможни поради нерамнотежата“, вели тој во серијата објави на Твитер во кои ја споделува својата осаменост.

Mojang lokaler - Carl Manneh (vd), Markus Persson (grundare), Jakob Porsér (grundare)

„На Ибица сум, со куп пријатели и се забавувам со славни луѓе, можам да правам сѐ што ќе посакам, а никогаш не сум се почувствувал повеќе изолиран“, вели тој. Славата и успехот, а посебно парите, оние во изобилство, не секогаш ги носат рака под рака среќата, исполнетоста и задоволството.