Граѓаните на Солун протестираат за спорот со името


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Граѓаните на Солун излегоа на долгонајавуваниот протест за спорот со името на Македонија. Овој протест се спрема веќе неколку денови, а низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат, пренесува „Макфакс“.

Во центарот на Солун од вчера веќе се залепени плакати како најава за собирот, на кои пишува „Македонија значи Грција“. А токму ова заедно со слоганот „Македонија е една и грчка“ се очекува да биде главното мото на протестот. Според организаторите, се очекува да се соберат околу 30 илјади граѓани, кои со организиран превоз, со 500 автобуси од доцна синоќа, од цела Грција, пристигнуваат во Солун.

Организатори на собирот се грчки здруженија и организации од дијаспората, а имаат поддршка меѓу другото и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини. Преку протестот, бараат да не се користи терминот „Македонија“ во името на нашата земја.

Полицијата го блокираше целиот центар во Солун, бидејќи слични демонстрации немало во последниве 25 години. Вториот сличен беше кога беше објавена независноста на Македонија. Околу 1.200 се организираните автобуси, кои ќе пристигнат во Солун.