Градот на љубовта во зимско издание! (галерија)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Температурите и снегот паднаа скоро низ цела Европа, а не беше изоставен ниту главниот град на Франција. Голем број возила останаа блокирани на патиштата, а особено во југозападниот дел од Париз.

Париските власти ги советуваат граѓаните да не ги користат нивните возила, а градскиот превоз е во хаос – возовите доцнат, неколку автобуски линии во градот се затворени.

Компанијата „Ер Франс“ денеска откажа неколку летови на аеродромот „Шарл де Гол“, додека други авиокомпании ги советуваат патниците пред пристигнувањето на аеродромот да се распрашаат дали нивните летови ќе доцнат или се откажани.

На главните железнички станици од каде што тргаат возовите на долги меѓуградски релации, сообраќајот се одвива со доцнење од 30 минути до еден час. Во неколку делови од Париз се затворени и училиштата.