Готово: Тео Волкот веќе е на пат за Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на Тео Волкот од Арсенал во Евертон е само формалност, пренесуваат англиските медиуми.

Англискиот репрезентативец е на пат кон базата на Евертон каде треба да ги помине медицинските тестови, а после тоа и официјално ќе го облече дресот на „карамелите“.

„Скај Спорт“ пренесува дека Арсенал и Еветон постигнале договор и трансферот ќе изнесува 20 милиони фунти.

Волкот ќе биде второто засилување за Евертон оваа зима, откако претходно го доведе Ченк Тосун од Бешикташ за 28 милиони фунти.