Готово: Сити и Санчез се договорија – познати и деталите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити и Алексис Санчез веќе ги договориле сите детали од договорот кој Чилеанецот ќе го потпише со „граѓаните“.

Трансферот ќе се случи на крајот на сезоната, бидејќи од „Етихад“ немаат намера да испратат понуда до Арсенал во јануарскиот преоден рок.

Бидејќи Санчез ќе пристигна во Манчестер Сити како слободен агент тој ќе добие сериозна сума за својот потпис. „Мирор“ тврди дека Чилеанецот ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот и дека неделно ќе заработува 400.000 фунти.

Во летниот преоден рок „граѓаните“ понудија 60 милиони фунти за неговиот потпис, но Арсенал одби да ја продаде својата најголема ѕвезда.

„Граѓаните“ се убедени дека ќе го земат играчот без обештетување на крајот на сезоната, а Санчез во јануари ќе го потпише преддоговорот.