Готово: Швајни има нов клуб!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што беше најавено Бастиан Швајнштајгер сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, а сега е позната и неговата следна дестинација.

Имено, Германецот постигнал комплетен договос до Чикаго Фајр и ќе се пресели во американската МЛС лига.

Швајнштајгер ќе потпише едно годишен договор со плата од 70.000 фунти неделно, што го става меѓу десетте најплатени во американската лига. Фудбалерот уште следната недела ќе отпатува во САД на медицински прегледи и да стави потпис на преддоговор.

„Заминувањето во Чикаго не менува ништо, јас и понатаму имам големи амбиции. Убеден сум во визијата и филозофијата на клубот и сакам да му помогнам во овој проект“, изјави Швајни.

„Во клубот доаѓа фудбалери кој освоил се и тоа на светско ниво. Ги подигнуваме стандардите како клуб и сакаме да станеме познати и надвор од Америка“, соопштија од Чикаго.