Готово: Мурињо договори големо засилување – доаѓа ѕвездата на Монако!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еминентниот весник „Франс Фудбал“ пренесува дека една од ѕвездите на Монако веќе го договорл трансферот во Манчестер Јунајтед и од следната сезона ќе игра во тимот на Жозе Мурињо.

Станува збор за Бернардо Силва кој оваа сезона блеска во дресот на Монако и е еден од најзаслужните за добрите резултати на тимот од „кнежевството“.

За Бернардо Силва интерес покажаа многу европски гиганти, но „Франс Фудбал“ тврди дека Мурињо ја победил конкуренцијата и дека играчот ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

Клучна улога во овој трансфер одиграл супер-агентот Жорге Мендеш кој е голем пријател со Мурињо, а исто така ги застапува интересите и на Бернардо Силва.

Португалскиот репрезентативец веќе договорил четиригодишна соработка со „црвените ѓаволи“, а весникот тврди дека двата клуба се блиску до договор и дека трансферот ќе изнесува точно 50 милиони евра плус одредени бонуси.

Ова сигурно ќе биде огромно засилување за тимот на Мурињо, кој сака да направи тим со кој ќе може следната сезона да ја нападне титулата.