Готово: Конте го доби посакуваниот играч за врска!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските и француските медиуми, Челзи и Монако постигнале комплетен договор за играчот за врска Тиму Бакајоко.

Бакајоко беше голема желба на Антонио Конте, и на Жозе Мурињо, но Италијанецот овој пат ја доби битката и ќе го донесе Французинот на „Стенфорд Бриџ“.

Англиските медиуми потврдија дека двата клуба постигнале договор и дека „сините“ ќе платат 45 милиони евра за 22-годишниот играч за врска.

Бакајоко се очекуав да пристигне во Лондон на медицински прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на 4-годишен договор.

Ова е второ големо засилување за актуелниот шампион ова лето, откако претходно го договорија трансферот на Рудигер од Рома за 38 милиони евра.