Готово: Јувентус ја доби трката и договори големо засилување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерот на Ливерпул Емре Чан на крајот на сезоната како слободен играч ќе се пресели во Јувентус.

Германецот не сака да го продолжи договорот со Ливерпул, а веќе подолго време е во преговори со „старата дама“. Медиумите тврдат дека е постигнат договор и Чан ќе стави потпис на истиот уште во јануари.

Емре Чан во Торино ќе заработува 4 милиони евра по сезона, плус бонуси, а во Јувентус пристигнува како замена за Сами Кедира кој на крајот на сезоната најверојатно ќе ја промени средината.

Интерес за Германецот покажаа неколку европски клубови, меѓу кои и Манчестер Сити, но Чан се одлучи да потпише за Јувентус.