Готово: Го имаме најголемиот зимски трансфер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека „сапуницата“ околку Димитри Паје е завршена и дека Французинот ќе се врати во Олмпик Марсеј.

Тоа е клубот од каде што Паје дојде во Вест Хем и одигра сезона од соништата, но оваа зима инсистираше да му биде дозволено да замине од клубот.

Паје ги одби сите понуди бидејќи сакаше по секоја цена да се врати во Марсеј, а двата клуба конечно пронајдоа заеднички јазик.

Медиумите пренесуваат дека двата клуба го договориле трансферот за сума од 32 милиони евра, кои можат додатно да пораснат доколку фудбалерот оствари некои условни бонуси.