Горниот дом на Британскиот парламент: Прием на Македонија во НАТО и без решавање на спорот за името


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според извештај подготвен од Домот на лордови, британската влада ќе настојува за примање на Македонија во НАТО и без решавање на прашањето за името.

– Владата треба да ги поддржи мерките за да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО, со или без решавање на проблемот за името, се наведува во извештајот.

Овој извештај бил подготвен од страна на Комитетот за меѓународни односи, назначен од Домот на лордовите за да ги истражува британските меѓународни односи.

– Членството во НАТО и соработката го гарантираат мирот и стабилноста на регионот. Се согласуваме со поддршката на владата за членство во НАТО на Македонија и Босна и Херцеговина. Доколку тие ги исполнуваат основните барања за членството, нивната интеграција во НАТО ќе биде чекор кон поголема стабилност во регионот.

Во извештајот се цитира и британската премиерка Тереза Меј која на 17 јанари изјави дека Западниот Балкан е регионот каде што британската влада играла и ќе продолжи да игра активна улога во промоција на просперитетот, стабилноста и безбедноста.

– Поддршката за влез во НАТО во Македонија е голема (и членството во НАТО е поважен приоритет од членството во ЕУ). Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека 70 отсто од популацијата се за членство. Тој истакна дека доколку Македонија стане членка на НАТО тоа ќе докаже дека земјата ќе остане во границите кои што ги има, се наведува во текстот на извештајот.

Потоа се додава дека блокадата на Грција е пречка кон целосно членство на земјата во НАТО и нивното противење за името.