Ѓорчевска елиминирана на стартот од квалификациите за гренслем турнирот US Open


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз уште на стартот на квалификациите за Грен слемот US Open.

Ѓорческа ноќеска загуби од Дестани Аиава од Австралија со 2-1 во сетови.

Македонката добро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:4. Австралиската тенисерка возврати со ист резултат во вториот сет, а во решавачкиот беше 6:3.

Ова за Ѓорческа беше второ учество во квалификациите на Отвореното првенство на САД.