Видео

GoPro камера преживеала река од вулканска лава, и сето тоа го снимила

GoPro

GoPro камерата во сопственост на авантуристот Ерик Сторм успеа да сними река од лава која поминува над неа.

Во видеото се гледа како лавата стигнува до еден процеп на две карпи и ја зафаќа опремата за снимање. Сопственикот на скапата и многу отпорна камера снимката ја направил на Хаваи, каде што работи како туристички водич.

Во моментот кога лавата поминува над камерата, мислел дека од неа нема ништо да остани. Но подоцна со помош на геолошки чекан успеал да ја тргни здрвената лава. Камера го изненадила многу, затоа што Wi-Fi ламбичката сеуште светкала.

„Камерата и понатаму работеше, иако не толку добро како порано. Навистина е неверојатно дека преживеа“, изјави Сторм


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top