Google потпиша договор со HTC вреден една милијарда

htc google

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нов договор помеѓу Google и тајванската компанија HTC, договорот е во вредност од 1 милијарда долари. Целта на овај договор е Google да го прошири поизводството на паметни телефони.

Како што стои во официјалните изјави, Google нема да има улога во фирмата, но дел од персоналот на тајванската компанија ќе му се придружи на гигантот во Силициумската Долина.

HTC беше еден од водечките произведувачи на паметни телефони. Сега има големи проблеми со конкуренцијата како што се Apple и Samsung. Компанијата пред неколку денови доби и суспензија за работа во Тајван.

Договорот е еден од потезите со кои Google сака да го зајакни хардверскиот дел. Со овај договор, скоро 2.000 лица од персоналот на HTC ќе се префрлат во Google.