Големи проблеми за Баерн пред дуелот со Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен и тренерот Карло Анчелоти се соочуваат со големи проблеми пред двата клучни натпревари сезонава, со Борусија Дортмунд во Бундес лигата и со Реал Мадрид во ЛШ.

Имено, германскиот шампион на овие натпревари би можел да биде без најдобриот стрелец Роберт Левандовски, кој утрово се повреди на тренингот.

Полјакот со болна гримаса го напушти тренингот, држејќи се за десната нога, што би можело да значи негова пауза од неколку недели.

Доколку се реализираат стравувањата Баварците ќе бидат значително ослабени за дуелот со Реал Мадрид, па Анчелоти ќе биде приморан како централен напаѓач да го стави Томас Милер.