Големата војна стигна: Еве го возбудливиот трејлер за седмата сезона од Game of Thrones


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За фановите на популарната серија Game of Thrones, ова е навистина возбудлива и тензична седмица. Имено, после ексклузивните фотографии од новата сезона, сега е објавен и конечниот трејлер за седмото сезонско издание.

Досега веќе беа објавени неколку најави за новата сезона од Game of Thrones, но од нив фановите не можеа детално да заклучат што ќе се случува во новите епизоди. Во новиот трејлер е прикажана „големата војна“ која многумина ја очекуваат.

„Големата војна стигна“, вели Сноу на крајот од официјалното и конечно најавно видео.