Нобел

Голема промена на iPhone 8: Apple конечно ќе ја реши најиритирачката работа на смартфонот


Со оглед на тоа дека iPhone оваа година слави десетти роденден, од iPhone 8 се очекуваат големи работи. Освен закривениот екран, се очекуваат и некои други новитети.

Според она што го пишува Wall Street Journal, Apple се спрема да го исфрли новиот додаток за iPhone 8 кој ќе предизвика хаос во технолошки ориентираниот свет. Овој пат не се менува влезот за слушалките, ниту home gumb, туку наместо досегашниот Lightning влез, доаѓа нов USB-C влез, со што повторно се менува дизајнот на iPhone.

Едноставно речено, влезот во кој го вклучуваме полначот ќе изгледа сосема поинаку на „осумката“. USB-C влезот често се поврзува со Android, но ова сепак не е сосема нова работа за Apple, кои досега го имаат користено истиот на MacBox 2015.

Се очекува дека оваа промена производителот и корисниците краткорочно ќе ги кошта, но гледајќи подолгорочно, може да го поедностави полнењето со оглед дека отсега iPhone ќе може да ја полни својата батерија со било кој micro USB полнач.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!