Голем успех на боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп на турнирот во Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На меѓународниот турнир во борење „Златин Ургачев“, кој се одржа во Бугарија, Стефан Стојаноски член на боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп, го освои третото место. Со него како дел од македонската репрезентација учествуваше и прилепчанецот Петар Насески.

„На турнирот во Галабово освоив трето место. Имав две победи и еден загубен натпревар. Ги победив учесниците од Бугарија и Украина. Тренирам веќе 9 месеци, напорна работа, благодарение на моите тренери многу научив и сум задоволен од овој успех“, рече Стефан Стојаноски, член на боречкиот клуб „7 Мај“.

„Тренирам борење околу една година, борењето како спорт го засакав уште од мали нозе и ќе продолжам да се занимав со него и во иднина“, кажа Петар Насески, член на боречкиот клуб „7 Мај“.

Тренерот на клубот „7 Мај“, Сашо Игнатовски, вели дека е задоволен од постигнатиот успех и додаде дека и во иднина ќе продолжат со напорната работа.

„Минатиот викенд во Галабово во Бугарија се одржа традиционален меѓународен турнир „Златин Ургачев“, тоа е силен меѓународен турнир под капата на Светската боречка федерација кој се рангира за ранг листите за квалитет на деца до 15 години. Учествуваа 12 репрезентации на тој турнир, меѓу кои и Македонија. Ние како клуб партиципиравме со двајца наши членови во репрезентацијата. Тоа се Петар Насески во категорија до 35 кг. и Стефан Стојаноски во категорија до 32 кг.“, истакна Сашо Игнатовски, тренер на клубот „7 Мај“

По повод овој успех тие денеска остварија и средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.