Голем пресврт кај Анџелина и Бред: „Тој е пресреќен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шест месеци после разводот на деценијата, изгледа дека страстите меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит, најпосле, се смируваат.

Американски People пишува дека бившите сопружници најпосле нашле заеднички јазик за нетата меѓу нив двајца конечно да ги поправат, па најпосле да можат да разговараат нормално, без адвокатско посредство.

Неименуван извор изјави за People дека Бред е пресреќен што ситуацијата најпосле се смири, како и дека парот оди кон тоа за иднината на нивните деца да разговараат на мирен и достоинствен начин. Бред, наводно, смета дека Анџелина е одлична мајка и дека на децата нема ништо да им недостига.

„Тие двајца се пред долго патување со разговори и воспоставување на нормална комуникација која и двајцата ќе се обидат да ја остварат за доброто на децата“, вели изворот.