Актуелно

Голем пожар во Кондово


Голем пожар го зафати скопско Кондово. Како што велат очевидци, пожарот бил во близина на обиколницата, а поради силниот ветер огнот со голема брзина се ширел од шумата кон селото.

Според мештаните ситуацијата е сериозна, а очевидци велат дека пожарот се приближува до куќите, јавува Макфакс.

Центарот за управување со кризи побара помош од Градот Скопје и општина Сарај за ставање под контрола на пожарот кој почнал вчера попладне, а во 22 часот се разгорел поради ветрот и се приближил до селото.

Доцна синоќа од ЦУК беше објавена вонредна информација за пожарот во Кондово: „Според информациите кои ги имаме од терен во село Кондово нема зафатено куќи од пожарот и правецот на пожарот е сменет, село Кондово не е во опасност, екипите работат на терен. За секоја нова информација, ќе известиме дополнително и навремено“, велат оттаму.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top