Актуелно

Со голем концерт одбележани 70 години од постоењето на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп


Со концерт кој вечерва се одржа на плоштадот „Александрија“ во Прилеп беа одбележани 70 години од постоењето на КУД „Мирче Ацев“. Гости на концертот беа членовите од КУД „Змај“ од градот Ириг, Србија.Веќе 7 децении КУД „Мирче Ацев“ е македонски и прилепски фолклорен амбасадор, промовирајќи го во земјата и во странство македонскиот фолклор и традиција. Неговите почетоци започнале во април 1947 година, а водосегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото одржале повеќе од 3.500 концерти не само во Прилеп и Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот.

„Денеска прославуваме 70 години постоење на КУД „Мирче Ацев“. Им благодарам на сите поранешни членови кои придонесоа за да ова друштво биде познато на сите континенти. Задоволство ми е што гости ни се и КУД „Змај“ од градот Ириг од Србија со кои соработуваме неколку години“, кажа Атанас Гагалески, КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп.


„Големо задоволство ни е нас од КУД „Змај“ од Ириг да присуствуваме тука на ова големо одбележување и да го посетиме овој преубав град Прилеп. КУД „Змај“ постои 150 години и се надевам дека оваа соработка со КУД „Мирче Ацев“ ќе трае уште многу години“, рече Зоран Митиќ, претседател на КУД „Змај“.

На настанот присуствуваа и градоначалниците од Ириг и Прилеп, Стефан Казимировиќ и Марјан Ристески.

„Мене ми е многу мило што денеска не удостоивте и не повикавте да бидеме присутни на оваа свеченост. Јас се надевам дека ова ќе прерасне во едно трајно пријателство помеѓу овие две културно уметнички друштва и помеѓу нашите две општини“, истакна Стефан Казимировиќ, градоначалник на Ириг.


„Во оваа прилика од мое име и од името на градот им го честитам големиот јубилеј на КУД „Мирче Ацев“. 70 години презентирање на македонската традиционална музика и ора, не само во Прилеп и Македонија туку и во целиот свет. Им посакувам многу здравје, успех и среќа. Посакувам и понатаму да ја пренесуваат оваа традиција на сегашните и идни генерации“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

КУД „Мирче Ацев“ има освоено бројни награди во повеќе држави, а добитник е и на третоноемвриското признание на градот Прилеп за негувањето на македонскиот фолклор.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top