Славни

Голата манекенка испрати порака до сексистите: „Ви сметаат моите гради? Тоа е ваш проблем!


Манекенката Имоген Антони им прати порака на сите сексисти кои на жените им зборуваат дека не се почитуваат самите себе бидејќи ги покажуваат брадавиците.

„Ви сметаат моите гради? Престанете да им зборувате на жените дека не се почитуваат бидејќи сакаат да ги покажат своите брадавици. Тоа е работа на чувство, не само визуелна естетика, но е многу сексистички. Мажите не разбираат бидејќи никогаш не морале да носат градници, да ги покриваат брадавиците преку маица или да се грижат за бикините на плажа. Никогаш не размислувале за тоа. Градниците се ужасни. Освен за трчање. Не барам жените да одат голи по улици, како што не очекувам ни од мажите. Ја разбирам и убавината на женските гради, но фокусирајте се на тоа што жените го прават, а не како што се облечени на базен, плажа или било каде на друго место каде што е нормално мажите да се топлес. И тоа е тоа, мораме да ги едуцираме младите да им се восхитуваат на жените, да сфатат дека машките и женските гради практично исти и да не ги омаловажуваат или претерано да ги сексуализираат женските гради кои имаат функција за прехранување на децата. Размислете за тоа“, напиша 26 годишната манекенка.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top