Вебкафе

Гол пред сите во фонтана Ди Треви – тоа е тоа


Еден Италијанец реши да ги анимира туристите во Рим, па се соблече гол и скокна во популарната Фонтана ди Треви.

Но, авантурата на Италијанецот заврши по препливувањето на фонтаната, бидејќи веднаш по излегувањето бепе пречекан од полицаец и приведен.

Туристите биле шокирани од целата ситуација, а некои дури успеале да го снимат овој несекојдевен настан и записот да го објават на социјалните мрежи.

Иако на снимката се гледа како полицаецот смирено го води „пливачот“, италијанските медиуми подоцна објавија дека момчето се обидело да побега нанесувајќи му повреди на полицаецот.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!