Го вклучил на време алармот и спречил грабеж во менувачница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера околу 18.20 часот во Скопје, на ул. Московска во менувачница непознат маскиран сторител извршил разбојништво во обид.

Крадецот со закана со пиштол од вработениот побарал пари, но истиот успеал да го вклучи безбедносниот аларм, по што крадецот се откажал од намерата и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.