Го убила како на шега


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од двете жени осомничени за убиството на Ким Јонг Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, можеби го извршила убиството без да биде свесна за тоа, односно верувајќи дека станува збор за шега.

Уапсената 28годишна жена, една од двете обвинети за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер, изјавила во полицијата во Куала Лумпур во Малезија каде што беше извршено убиството, дека била на одмор со група на пријатели која што ја напуштила откако фрлила отров во лицето на Ким Јонг Нам.

Таа тврди дека не го извршила намерно убиството на Јонг Нам и верувала дека станува збор за обична шега. Според нејзините зборови, еден од пријателите ја убедил да испрска отров во лицето на Јонг Нам.

Понатаму, таа раскажала дека не знаела дека станува збор за отров, а Јонг Нам никогаш не сакала ниту да го убие, ниту да го повреди. Жената која што била приведена од малезиската полиција откако ја снимиле камерите на аеродромот во главниот град на Малезија, е извесна Доан Ти Хуонг и наводно потекнува од Виетнам.

Покрај неа, исто така уапсена е и 25-годишната Сити Аишах од Индонезија, како и нејзиното момче од Малезија.

Во малезиските медиуми се тврди дека двете девојки делувале независно и дека токму Доан била таа која што ја завршила работата. На снимките од безбедносните камери во аеродромот, може да се види дека носи ракавици, додека на следната снимка која што прикажува како се движи кон таксито на аеродромот, таа не носи ракавици. Се претпоставува дека ракавиците биле натопени со отровот кој што бил испрскан во лицето на Јонг Нам.

Сепак, повеќе околу смртта на полубратот на севернокорејскиот лидер ќе се знае откако ќе биде извршена анализа на примероци од неговата крв, а малезиските медиуми сигурно ќе објавуваат повеќе информации во следните неколку дена.