Славни

Го покори светот со својот сексапил во спотот за Despacito, но тоа не ѝ беше прв пат


Зулејка Ривера, прекрасната девојка која се појавува и заводливо танцува во спотот за хитот Despacito, оваа година го освои светот со својата убавина.

Но, тоа не е прв пат таа да го покори светот со својот сексапил. Тоа претходно ѝ појде од рака во 2006 година, кога го претставуваше Порто Рико на светскиот избор за убавина Мис Универзум на кој беше крунисана со титулата за најубава жена на светот.

Изборот кој таа година беше во сопственост на Доналд Трамп, ја памети Зулејка како една од најубавите мисици кои ги имале.

Таа тогаш имаше 18 години и изгледаше неверојатно. Со својата убавина ја растури конкуренцијата и стана Мис на светот, а 11 години подоцна уште има изглед „од милион долари“.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top