Славни

Го изгуби чувството за мирис: Со пластични операции си го пусти телото


Британската старлета Кло Кан не запира со естетските операции и корекци на кои ги подложува своето лице и телото. Таа сега упати порака до фановите со предупредување по операцијата која ја направи на својот нос.

Ѕвездата од шоуто „Големиот брат“ откри дека правела операција на носот, односно дека пресадувала рскавица од ушите, откако по бројните естетски интервенции останала без коски во носот.

„Ова не е гламурозен пост кој го објавувам, но бидејќи многумина ме прашуваа каде го средував носот решив отворено да зборувам за тоа. Останав без коски во носот и не ми требаше козметичка интервенција туку реконструкција на носото со 8 делови рскавица од моите уши. Целиот нос ми е реконструиран и благодарна сум на докторот што го направи тоа“, пишува старлетата.

A post shared by 🌴Chloe Khan🌴 (@chloe.khan) on

Нејзината намера е да ги предупреди своите фанови да внимаваат каде ги прават естетските интервеции. Таа потрошила повеќе од 110 илјади евра на „подобрување“ на нејзиниот изглед, а минатата година ги шокираше сите со ужасните последици од операцијата на носот, по која не можела да дише и да мириса.

„Не чувствувам мирис и не можев да дишам. Се разбудив за време на опрацијата“, вели таа.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top