Славни

„Го фрлам микрофонот и им велам – повелете, надминете го ова срање“: Тарантино најави пензионирање


Иако веќе подолго време го најавува своето повлекување по десетиот филм, Квентин Тарантино во интервју во во Сан Диего и официјално го потврди тоа.

„Го фрлам микрофонот. Бам! На сите им велам повелете, надминете го ова срање“, изјави Тарантино и додаде дека е задоволен од својата кариера.

“Bacim mikrofon. Bum! Svima kažem ‘pokušajte nadmašiti ovo sranje'”, rekao je Tarantino i dodao da je zadovoljan svojom karijerom.

Говорејќи за своите почетоци и околу својата режисерска и сценаристичка кариера, Тарантино истакна дека создавањето проект од ништо му причинува неверојатно задоволство.

– Доживувам неверојатно задоволство кога ќе се присетам дека само две години претходно, колку што и вообичаено трае работата на еден филм, седев и гледав во празен лист, рече Тарантино.

Тој досега напиша и режираше осум филмови. Иако крајот на неговата кариера е сè поблиску, тој се надева дека ќе остане запаметен за идните генерации.

Во таа прилика тој го најави и неговиот следен можен проект – гангстерски филм сместен во 30-те години на минатиот век во Австралија. Инаку, неговиот последен филм „Омразените осуммина“ беше номинираниот за „Оскар“.

Коментари

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top