Го бараше половина Европа, а тој го потпиша најчудниот договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот и сигурно најбараниот фудбалер на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс денес направи потег каков што ретко се гледа во модерниот фудбал.

И покрај фактот што интерес за 23-годишниот Шпанец покажуваат најголемите европски клубови, Инаки одлучи да потпише нов договор со Билбао и тоа не било каков.

Имено, Инаку Вилијамс денес стави потпис на нов договор со Атлетик до 2025 година, со откупна клаузула од 80 милиони евра, што е еден од најдолгите договори во историјата на фудбалот.

Од баскискиот клуб порачаа дека откупната клаузула со време ќе порасне на максимални 108 милиони евра, но повеќе детали за тоа во моментов не се познати.

Инаки Вилијамс е на добар пат да стане новиот Икер Муниаин бидејќи со овој договор извесно е дека го чека судбината на некогаш најбараниот шпански фудбалер, кој се уште игра за Атлетик Билбао.