Славни

Глупавата причина поради која Кејт Мидлтон не го слекуваше капутот на ручек


Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, стигнаа во посета на норвешкото кралско семејство, што им е нивно последно патување пред војвотката да го роди нивното трето дете.

Секогаш дотераната Кејт на ручекот со кралското норвешко семејство носеше долгичок капут со двоно закопчување, потпишан од италијанскиот дизајнерски тандем Dolce&Gabbana. Она што е интересно е фактот дека таа воопшто не го слече капутот за време на ручекот.

Тоа предизвика голем интерес во јавноста, особено во нејзината родна Британија, а набрзо стигна и причината за тој нејзин потег. Како и повеќето правила кај британското кралско семејство, и ова е чудно.

Имено, Кејт не го соблече капутот бидејќи се смета дека е непристојно жените од британското кралско семејство да ги соблекуваат капутите пред камери. А бидејќи на ручекот камерите цело време останаа вклучени, Кејт цело време седеше облечена во капут.

Тоа не е единствено правило до кое британските кралски жени треба да се придржуваат. Нив, исто така, им се забранети фармерки, џвакање мастики во јавност, а Кејт е доказ дека во предвид не доаѓаат ниту впечатливите кармини ниту лакот за нокти. За неа е забрането да дава и автограми на обожавателите.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top