Гледачите се онесвестуваат, повраќаат и бегаат во паника на овој хорор филм (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот филм Grave за вегетаријанката која малку по малку почнува да јаде човечко месо и станува канибалка, првично беше прикажан на фестивалот во Кан, а од неодамна ги вознемири гледачите во САД и Канада.

Во тамошните кино сали тој се прикажува под насловот Raw (Сирово), и веќе го бие лош глас дека предизвикува вистинско гадење кај публиката.

Првите проблеми со филмот настапиле на полноќното прикажување на фестивалот во Торонто. Неколку гледачи се онесвестиле поради глетките во кои главните ликови јадат човечко месо, па морала да интервенира и итната помош.

Киното „Нуат Театар“ во Лос Анџелес на посетителите на проекциите им понудиле и посебно изработени кеси за повраќање. Како што велат, било тоа добар потег зошто им требале на многу гледачи.

„Тоа им беше одлична идеја. Се сеќавам дека во кино салите во 70-тите се делеле слични кеси кога се прикажувале тогашните хорори. Барем не морате да ги користите своите празни кеси за пуканки во случај на зорт“ –  вели еден гледач.

Филмот во САД се појави само во 9 кино сали. Но веќе полека стекна култен статус меѓу љубителите на екстремни хорори.

Филмот го режираше француската режисерка Џулија Дакурне, а во главните улоги се Гаран Маријер и Ела Рамф.

1 COMMENT

Comments are closed.