Спорт

Гигс: Премиер лигата има само двајца играчи од светска класа!


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс смета дека англиските клубови повеќе немаат играчи од светска класа, како што беше случај пред десетина години.

Веќе неколку години во низа клубовите од Премиер лигата не успеваат да направат значајни резултати во Европа, а Гигс верува дека причината за тоа е многу јасна.

„Повеќе нема голем квалитет кај клубовите, како што тоа беше во периодот од 2005 до 2012 година, кога имавме одлични резултати во европските натпреварувања. Изгледа дека најдобрите играчи се сконцетрирани на некое друго место“, смета Гигс.

„Освен Алексис Санчез и Кун Агуеро тешко дека можеме да најдеме уште некој играч од светска класа во англиските клубови“, заклучи легендарниот Велшанец.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top