Вебкафе

Ги ужасна и најискусните рибари: Уловена „ѓаволска риба“ како од ужасен кошмар


За време на риболовот во водите помеѓу Австралија и Индонезија, рибарите од морето извлекоа нешто што NT News го опишува како „ѓаволска риба која ќе ве прогонува во ноќните кошмари и е злочин против природата“.

Рибарите изјавија дека суштеството го уловиле на длабочина од 300 метри, северно од австралискиот Дарвин, но не сакаа да го откријат точното место на уловот.

Но, ова необично створение со праисториски изглед, слузничав оклоп, наострени рогови и испакнати очи, во суштина е оклопена морска ластовица, редок вид на риба од семејството воздухоперки со назабена кожа и зашилени шкрги.

Може да се најде исклучиво во тропските води, а се движи главно по морското дно, па освен „ѓаволскиот изглед“, има и нозе со чија помош се движи по дното на морето.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!