Ги разгневи сите на интернет: Безобразникот со кученцето го „полираше“ автомобилот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фејсбук страната „Богатите деца од Лондон“ е полна со безобразни, луди и контроверзни снимки кои постојано ја изненадуваат (најчесто во негативна конотоација) јавноста. Но, гневот на публиката посебно го разбуди ова видео на кое типот со кученце од расата малтезер го гланца својот нов Масерати.

„Само стопроцентно крзно од мало кученце може да обезбеди адекватно гланцање“, стои во описот од видеото.

Снимката ги разбесни корисниците на оваа социјална мрежа, но и голем број организации за заштита на правата на животните, па доста брзо беше тргната од страницата.

Авторот на видеото одговори на реакциите дека сето тоа било шега и дека кученцето не е повредено, како и дека на сниката се гледа оти тоа е среќно, бидејќи мавта со опавчето. Сепак, љубителите на животните ова го означија како доста навредливо.