Актуелно

Германците минатата година потрошиле 88 милијарди евра на патувања и одмори


Германците минатата година, и покрај стравувањата од терористички напади, потрошиле рекордни 88 милијарди евра на туристички патувања и одмор, покажуваат податоците претставени на саемот на туризам во Берлин.

Желбата за патувања и планови за одмор и натаму се доста големи кај Германците, и во оваа година дури 69 проценти планираат заминување на одмор, додека 12 отсто рекле дека нема да патуваат а останатите се уште не донеле одлука, пренесува Танјуг.

Тероризмот не влијаел толку на одлуката дасе патува, колку што имал влијание врз изборот на дестинацијата. Дури 38 отсто Германци рекле дека го пресметале овој светски проблем во своите туристички цели, па така минатата година Турција ја посетиле 23 проценти помалку Германци отколку во 2015-та година, а Северна Африка дури 29 проценти помалку германски туристи. Интересот на Германците за летување во Франција исто така значително бил намален.

Германија минатата година биле најомилената туристичка цел на своите државјани – дури 30 отсто од нив ги искористиле своите кратки одмори во татковината, а особено е омилена поранешната источногерманска покраина Мекленбург, Предна Померанија, лоцирана на брегот на Балтикот и границата кон Полска.

Шпанија и натаму е најомилената странска туристичка дестинација за Германиците, минатата година 14,8 отсто од Германците таму ги поминале своите одмори, нешто повеќе отколку во 2015 година. По Шпанија следи Италија со непроменети 8,2 проценти, па Турција со 5,6 отсто, Австрија со 4,6 проценти и Грција во која минатата година се одморале 3,5 отсто од Германците


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top