Научна реалност

Германија: Научници направиле робот кој би можел да спасува животи


Научниците од институтот „Макс Планк“ од Штутгарт, Германија, развиле гумен, мал робот кој што по изгледот и движењето потсетува на црв и ќе може да се користи во медицински цели.

Роботот кој што е помал од паричка е изработен од мек гумен материјал со магнетни честички. Научниците го користат магнетното поле кое што им овозможува контрола на начинот на кој што роботот се движи. Тие за германските медиуми откриле дека биле инспирирани од медузите, гасениците и сличните животни и инсекти при развојот на минијатурниот робот.

Овој црвовиден робот прави неверојатни работи, може да скокне, да плива, а благодарение на својата мазна површина може лесно да се движи низ човековото тело. Научниците велат дека е дизајниран да „патува“ низ вените и да доставува лек на потребното место, а може да се движи како во влажно, така и во суво опкружување.

Метин Сиди кој што ја водел студијата, изјави дека се уште го сметаат за „минималистички робот“. Тој тврди дека роботот е толку мал, што можеме без проблеми да го проголтаме, а потоа и да го исфрлиме со уринирање. Сиди изјави дека со неговиот тим работат на уште еден мал робот кој што е изработен од биоразградлива материја. Таквата верзија на роботот, после успешно завршената задача едноставно ќе се разгради во самото тело без никакви проблеми.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top