Германија ги има најдобрите подморници на светот, но има еден проблем


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германија ги има најдобрите подморски пловила на светот, но нема екипаж, ниту подморница која е целосно оперативна. Секоја од подморниците е на одржување или има потреба од поправка.

Оваа европска земја некогаш била една од помоќните сили кога станува збор за подморничките флоти. Го имала типот на подморница 212А со погон на хидрогенски ќелии. Тоа им овозможувало да ги управуваат подморниците и по две недели, без да изнурнуваат на површината од морето, поради што имале голема предност пред дизел подморниците кои можат да останат под вода само неколку дена.

Секоја од подморниците Германија ја чинела 400 милиони евра, но германската армија неодамна соопшти дека ниту една од шесте постоечки не е во функција.

Берлин ја загуби последната подморница во октомври, кога пловилото 212А претрпе голема штета откако удри во карпи во близина на норвешкиот брег. Штетата беше толку голема што подморницата требаше да ја извлекува брод и да ја довлечи до пристаништето Киел.

Две подморници одат на поправка и ќе бидат во функција најдоцна во втората половина од 2018 година, а најрано во мај 2018 година.

„Ова е катастрофа за морнарицата. Ова е прв пат во историјата Германија со месеци да нема оперативна подморница“, изјави германскиот комесар за одбрана, Ханс-Петер Бартелс.

Тој ја обвини владата за кратење на буџетот на Министерството за одбрана, поради што се нашле во ваква ситуација. Иако сите подморници ќе бидат поправени, во вода нема да можат да бидат сите шест, бидејќи имаат само три оперативни екипажи.