„Германците малку се плашат од мене“: Запознајте го косовскиот Хитлер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маж од Митровица, Косово, во 50-те години од животот тврди дека е Хитлер, иако не ја поддржува идеологијата и политиката на злогласниот германски нацистички водич.

Тврди дека природата била дарежлива кон него и го направила да стане втор Хитлер, нормално, по лик и изглед, не по дела. Но, оваа слика за него на Косоварот му донесе и финансиски бенефит, бидејќи типот наплаќа 40 евра за фотографирање со него.

Вели дека, и покрај фактот што има контроверзен физички изглед, ужива голема почит во неговиот роден град Митровица. Дури и војниците од КФОР и мировниците од НАТО му плаќаат за да се сликаат со него, одејќи во Митровица специјално за таа намена од различни краишта од Косово.

За него е снимен и краток филм кој го следи неговиот секојдневен живот со неговото семејство – сопругата и петте ќерки – кои го викаат Хитлер, понекогаш несвесни кој бил реално Хитлер. Дури и неговата куќа има маркантна улога во општествениот живот, бидејќи таксистите и неговите соседи често ја користат како ориентирен објект во градот.