Генијално видео: ИКЕА ги ремети сите кои редовно објавуваат јадења на Инстаграм


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ИКЕА одлучи да им испрати порака на сите оние кои пред јадење имаат потреба да ја фотографираат својата чинија и да ја објават фотката на социјалните мрежи.

Духовитата кампања Let’s relax прикажува семејна вечера во 18 век. Аристократското семејство се подготвува за вечера кога таткото, главата на семејството, во трпезаријата повикува сликар да ја наслика вечерата пред да седнат да јадат. Потоа, откако по неколку часа ќе биде готова сликата, ги вика слугите да ја разнесат низ целото населено место за да ја видат останатите жители кои треба да ја одобрат со палец нагоре – пандан на денешниот „лајк“.

Со тоа од ИКЕА одлучија да порачаат до сите оние кои ги фотографираат оброците и ги споделуваат на социјалните мрежи „да олабават“ бидејќи „тоа е само оброк, а не натпревар“.