Генијални трикови со кои старата облека ќе изгледа како „ганц“ нова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луѓето често знаат за својата облека да речат дека е стара не поради тоа што е износена или излитена, туку само затоа што поминал извесен временски период откако ја купиле. Но, и вистински старата и долго време носена облека можете да ја освежите и да делува прилично ново со помош на овие генијални трикови.

1. За да ја отстраните непријатната миризба од застоената облека, ставете ја во пластична ќеса и оставете ја да смрзне преку ноќ.

2. Восок или безбоен лак за нокти можат да ви помогнат да ги отстраните гребаниците од кожените обувки. Нежно нанесете од една од споменатите работи на изгребаното место. Кога восокот или лакот ќе се стврднат, внимателно избришете го местото со ткаенина и после тоа исполирајте го.

3. За да избегнете избледување на вашите темни фармерки, додајте сол и оцет во прашокот за перење додека ги перите фармерките.

4. За долната облека повторно да ви биде мека, потопете ја во солена вода. Додајте половина чаша сол и половина литар вода и оставете го вешот потопен во овој раствор да стои 3 дена. После тоа, додадете прашак за перење и исперете го во машина.

5. Додека перете свилени алишта, можете да додадете регенератор за коса. Средството за коса ќе ја направи свилата уште понежна и помека.

6. За нежно и префинето чистење на гантените чевли, користете турпија.

7. Средството за полирање прозорци може да направи вашите кожени чевли повторно да блеснат.

8. Измешајте сол, ладна вода и амонијак, за да ги отстраните дамките од вино од вашата облека. Додадете 2 лажици сол или иста количина амонијак во литар ладна вода.

9. Мешавина од ладна вода и киселина може да помогне во отстранување на дамките од кожените обувки.

10. Детергентот за садови може да помогне за лесно отстранување на дамките мрснотија. Само нанесете средство за миење садови на измрсеното место и истријте го.

11. Супер лепило со леснотија може да ги поправи одлупените делови од кожената облека. Подмачкајте го оштетениот дел со лепак (од надворешната страна) со помош на чепкалка. Притиснете со крпа 3-4 минути и после тоа нанесете неколку слоеви иста боја на местото.

12. За да ја исчистите нубук кожата, измешајте 1/3 амонијак и вода или растворете 1 лажица оцет во чиста топла вода.

13. За чистење на дамките од кожената торба, избришете ја со ткаенина или памук потопени во оцет. Важно е ова да го користите исклучиво на светли ткаенини, бидејќи оцетот може да ги обои.