Генерал Румен Радев е нов претседател на Бугарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Румен Радев, кандидатот на опозициските бугарски социјалисти наклонет кон Русија, победи на претседателските избори во Бугарија вчера со 59,35 отсто од гласовите, покажаа официјалните резултати на изборната комисија, кои сè уште не се конечни.

Кандидатката на премиерот Борисов и неговата конзервативна партија ГЕРБ, Цецка Цачева освои 36,1 отсто врз основа на 99,33 отсто од гласовите.

Конечните официјални резултати е бидат објавени во среда, а новиот претседател ќе ја преземе должноста на 22 јануари.

Генералот Радев (53), е поранешен командант на воздухопловните сили кој тежнее кон укинување на европските санкции кон Москва. Неговата победа може да ја приближи Бугарија кон Русија и со тоа да предизвика гнев кај Европската Унија и НАТО, сметаат аналитичарите.

Радев тие стравови ги отфрла и истакнува дека тој е „генерал на НАТО формиран во Соединетите Држави“ и дека Бугарија нема алтернатива на членството во ЕУ и НАТО.

Тој вчера истакна дека „сака добар дијалог со претседателите и на САД и на Русија“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес поднесе оставка по поразот на кандидатката на владејачката десничарска партија на претседателските избори.