Вебкафе

Футуролог од Силиконската долина тврди: Во следните 30 години луѓето ќе ја откријат тајната за вечен живот


Еден од професорите на Универзитетот за сингуларност во Силиконската долина, Хосе Луис Кордеиро нагласува во интервју дека постојат експерименти со кои ќе се докаже дека има можности за подмладување што ќе обезбедат можност за вечен живот. Тој укажува и на развој на способноста на луѓето да комуницираат телепатски.

Според футурологот, во следните 20-30 години ќе се појават такви техногологии што ќе дадат можност да се подмладуваат луѓето и дури и да биде избегната смртта.

„Ќе можеме да живееме подолго, зачувувајќи го организмот во добра кондиција, а нашата крајна цел е да добиеме можност да живееме вечно“, вели научникот.

Освен тоа, Кордеиро смета дека во иднина луѓето ќе имаат можност да комуницираат меѓу себе со помош на телепатија.

„Ќе почнеме да комуницираме телепатски, мозоците ќе ни се поврзат. Денес нашата комуникација е несовршена, бидејќи говорот е многу неефективна технологија, би рекол“, примитивна, нагласи тој.

Футурологот вели дека вештачката интелегенција ќе ја надмине човечката.

„Следува друга технологија – вештачка интелегенција. Ќе се развие до ниво на човечката, и потоа ќе ја надмине“, вели Кордеиро.

Претходно, основачот на Space X и Tesla, Елон Маск, ја посочи нарече вештачката интелегенција како главна закана за човештвото.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top