И функционери од ДУИ на тапет за притвор на барање од СЈО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство бара притвор и за функционери на ДУИ. Исмет Гури и коррдинаторот на пратеничката група на интегративците Ејуп Алими се обвинети за кривично дело Уништување на изборен материјал во случајот Титаник за изборни нерегуларности.

Освен членови на ДУИ, СЈО бара мерки претпазливост во истиот случај и за лидерот на ДПА, Мендух Тачи и за членот на Државната изборна комисија кој доаѓа на предлог на оваа партија, Бедредин Ибраими. Катица Јанева најави дека во случајот Табла за изградбата на основно училиште во село Зајас каде е направена штета од 200 илјади евра, истрагата ќе се прошири со нови функционери. Јанева одговори и на прашање дали ги разочарала Албанците што не го истражувале и случајот Монструм.

Мандатот на СЈО ќе трае уште три години, но рокот за поднесување обвиненија истекува утре. Јанева меѓу другото се пожали на опструкции од Советот на јавни обвинители и нивните опструкции биле причина зошто Монструм не бил истражуван од нејзиниот тим. За петкратното убиство на Смилковското езеро судот пресуди шест доживотни затворски казни. Поинаква вистина за целиот случај најави и сегашниот премиер, Зоран Заев. Во неколку наврати посочи дека прислушуваните разговори упатуваат на друга вистина од онаа која и беше презентирана на јавноста. Специјалното јавно обвинителоство најави дека ќе продолжи со истраги, а додатно ќе се одлучува како тие ќе бидат процесуирани во евентаулни обвиненија, бидејќи нивниот рок за поднесување обвинителни предлози истекува утре.