Функционер на ДУИ нападнал полицајка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес вербално е нападната полицајка од страна на висок функционер на Дуи. Поточно станува збор за Бекир Асани, а причината била тоа што пајак возило му го кренале непрописно паркираниот автомобил. Автомобилот на Асани бил оставен на крстосницата во близина на плоштадот „Скендербег“.

„Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот“, стои во билтенот од МВР.

Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. Функционерот на ДУИ пред две години бил уапсен во Србија за сообраќаен прекршок. За него медиумите пишуваа дека му се заканувал на сегашниот премиер Зоран Заев дека доколку се појави некој од прислушкуваните разговори меѓу функционери на ДУИ, ќе било лошо.