Фото: УЕФА на својот сајт го слави Вардар!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар приреди вистинско изненадување во фудбалска Европа, а победата над Фенербахче беше „топ тема“ и на официјалниот сајт на УЕФА.

Македонскиот шампион заедно со Милан е во насловот на сајтот на УЕФА, притоа ставена е огромна фотографија од Вардарци кои по мечот со турскиот гигант одат да слават заедно со Комитите.

Ова е сигурно голем резултат за Вардар и за македонскиот фудбал воопшто, па се надеваме дека ќе биде доволен за македонскиот клуб да се пласира во групната фаза.