Фото: Почна протестот против двојазичноста!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Близу 530 луѓе досега се потпишани на петицијата против двојазичноста и против промената на името, на протестот што се случува пред Собранието, пренесува „Макфакс“.

Со транспаренти и патриотски песни, се собираат поддржувачи на протесот а сообраќајот на бул 11 октомври е сопрен и бројот на поддржувачите се зголемува.

Организатори на протестот се Македонски обединети сили (МОС), Македонско патриотско здружение „Тврдокорни“ заедно со уште неколку здруженија кои сметаат дека со двојазичноста се губи македонскиот карактер на државата, се губи и самата држава која дефакто станува трета албанска држава на Балканот.

Здруженијата прашуваат која е причината албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, а замеруваат и за тоа што власта која ветуваше дебати за се, сега ја суспендира демократијата туркајќи го законот со европско знаменце.