ФОТО: Нема трага од исчезнатата професорка Тројачанец- семејството објави повеќе фотографии


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Исчезнатата професорка Сњежана Тројачанец се уште не е пронајдена и најблиските молат за помош. Според информациите на социјалните мрежи, Снежана е исчезната повеќе од 24 часа.

-Ви благодарам на досегашната помош и ангажираност, но Снешка сѐ уште ја бараме. Секоја информација е добредојдена. Снешка е исчезната од вчера наутро, слаба, висока со сини очи. Најверојатно е во пижами и кафеана јакна.Ве молам доколку некој ја препознае, јавете се на следниве телефони: Пламен ‭078/257-878‬- сопругот и Филип 078/261-126 или обратете се во најблиската полициска станица, се вели во апелот на социјалните мрежи.

-Ве молам помогнете ми да ја најдам мојата сопруга и мајката на нашите синови, Снежана Тројачанец! Не знам кога излегла од дома, тоа се случило додека спиев, можеби било и во тек на ноќта, не можам со сигурност да кажам, јас забележав дека ја нема утринава кога станав, околу седум часот, раскажува сопругот на Снежана за Фокус.

Ладно е надвор, се стемнува, итно ни треба помош – апелираше вчера Пламен, сопруг на професорката од Скопје, по која трага целиот град, откако нејзини блиски пријатели известија за исчезнувањето на социјалните мрежи.

Тој додава дека Снежана има 52 години, убава и витка жена е со сини очи, а претпоставува дека е облечена во пижами, бели со шари. Забележал дека и ја нема јакната, во кафена боја со каиш, и вели дека најверојатно ја носи на себе. На нозете имала сиви патики, со себе не носела ташна, немала мобилен телефон ниту пак било каков документ.

„Мојата сопруга веќе еден месец е на домашно лекување, страда од депресија. Никогаш во минатото не се случило да замине вака, сите ја бараме. Постојано добивам пораки дека е забележана на еден или на друг крај на градот, апелираме до такси возилата и до ЈСП ако ја забележат веднаш да ни јават“, вели сопругот на Тројачанец за Фокус.

За случајот била известена и полицијата.

Сите кои што имаат било каква информација за Снежана, можат да се јават на 078 257 878 кај семејството, или пак во најблиската полициска станица.