ФОТО: Навивачите на Легија повторно брилјираат – Нова моќна порака до УЕФА!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Конфликтот меѓу навивачите на Легија и УЕФА дојде во таква фаза за, најверојатно и управата на УЕФА со нетрпение ги чекаат натпреварите на полскиот шампион за да видат каков вид на порака им испратија поддржувачите на клубот од Варшава.

Новата порака пристигна за време на вчерашниот дуел со Шериф, а е резултат на паричната казна од 35.000 евра која Легија мора да ја плати поради претходниот банер.

Потсетуваме, во текот на изминатите европски натпревари навивачите на Легија развија голем банер со германски офицер кој впери пиштол во глава на едно дете, а се како потсетување на востанието во Варшава.

Легија не помина без казна, а реакцијата на бесните навивачи пристигна синоќа – УЕФА е претставена како свиња, која раководи со извлекување на среќни добитници, а во садот од кој се извлекуваат ливчињата се наоѓаат само грбовите на Легија.

„Сето е придружено со порака – „а казна од 35.000 ќе добие…“.

Нема сомнеж дека УЕФА експресно ќе реагира на оваа порака, а потсетуваме дека навивачите на Легија во 2014. година имаа слична порака – „кога фудбалот не е важен, парите се“.