Фото: Чавков на прошетка во затворскиот двор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков му беше одредена мерка притвор од 30 дена, па моментално се наоѓа во затворот во Шуто Оризари.

На социјалните мрежи денес се појави фотографија како Чавков е излезен на прошетка во затворскиот двор.

Потсетуваме, Чавков, заедно со уште 35 лица е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со крвавите настани на 27 април во Собранието на Македонија.

Фотографијата е преземена од социјалната мрежа Фејсбук.